Петте најдобри намирници за намалување на холестеролот

Кардиологот Елизабет Клодас во стручен коментар за американската телевизиска мрежа CNBC News ги наброја првите пет прехранбени продукти кои влијаат врз намалувањето на нивото на холестеролот во организмот.

Според Клодас, за да се забележи напредок во намалувањето на холестеролот, не е неопходно да се примени строга диета. Доволно е да се промени начинот на исхраната, за да се постигне значително намалување на нивото на „лошиот“ холестерол.

Еден од таквите продукти, вели кардиологот, е овесната каша. Таа е богата со растителни влакна, кои го намалуваат количеството на холестеролот кој го апсорбира дигестивниот систем. Студијата во која учествувала Клодас покажала дека консумирањето на 10 грама растителни влакна дневно може да го намали ризикот од срцев удар за 14 отсто.

Друга корисна намирница за намалување на холестеролот се бадемите. По потреба тие може да се замената со лешници, ореви, ф’стаци или други јаткасти плодови.

Чиа семето може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 16 отсто, благодарение на омега-3 масните киселини. Иако овие киселини имаат релативно мал ефект врз нивото на „лошиот“ холестерол, тие помагаат во подигнувањето на нивото на „добриот“ холестерол.

Редовното консумирање зеленчук, исто така, има полезен ефект врз здравјето на крвните садови и нивото на холестерол. Стручњаците особено препорачуваат во исхраната користење брокула, спанаќ, разните видови зелка …

И лубеницата може да помогне во намалувањето на холестеролот. Содржи ликопен кој влијае на нивото на холестеролот во крвта. Лубеницата, според вкусот, може да се замени со грозје, јагоди, јаболка, авокадо или цитрони.