Куркума, изртени зрна, зеленчук наместо житарки, млеко без лактоза и мешункасти растенија се петте продукти кои во 2018 година ќе бидат најпопуларни,покажува истражувањето спроведено меѓу 740 светски диететичари и нутриционисти, кои традиционално пред доаѓањето на новата година ја прават своевидната топ-листа на производите коишто треба да се вбројат во здравата исхрана.
Потрошувачите, како што тврдат авторите на студијата, ќе се концентрираат на намалување на количествата шеќери во секојдневната исхрана, а ќе го зголемат уделот на протеините, што се толкува како добра вест. Според мислењето на експертите, суперхраната којашто доживеа процут во оваа 2017 година е кокосовото масло, додека катогената (без јаглени хидрати) и палео исхраната (исхраната на нашите предци во која доминира месото) биле најчесто усвојувани кога станува збор за планирањето на дневните оброци.
Експертите, исто така, предвидуваат дека храната сиромашна со масти полека ќе излезе од мода, додека продуктите од домашно производство, особено оние коишто влијаат на здравјето на цревата, ќе добијат предност следната година. Всушност, таквиот тренд постои уште од 2015 година, кога уште Џош Шонвалдт, стручњак за гастрономија и автор на книга посветена на тоа како нашата исхрана ќе изгледа во иднината, најави дека мастите повеќе нема да бидат непријател.
„Домашниот колбас е на цена. Грашокот е новата ѕвезда во кујната. Нека се тргне киноата, време е за просото“, изјави Шонвалд за американското издание Time.
Весникот The New York Times на истата тема се обиде да одговори на прањето како луѓето станале робови на трендот во исхраната , заклучувајќи дека опседнатоста со здравата храна станува тренд ширум свето, а дека најголем губитник е индустријата, бидејќи останува без потрошувачи кои им вртат грб на продуктите кои до вчера биле нивниот главен избор.
Од 2000 година за четвртина паднала продажбата на житните снегулки поради премногу шеќер, а забележан е и пад на продажбата на газираните пијалаци, па дури и на ѓусевите. Произведувачите на месо се обидуваат да го намалат употребувањето на антибиотиците во третирањето на животните, додека единствениот проблем на кондиторската индустрија е како да измисли нови рецепти за здрави слатки.
Меѓутоа, нутриционистите се сомничави кога станува збор за ткн суперпродукти. Според нив не постои ниту суперпродукт, ниту суперунтриционист. Велат дека зад секоја приказна или тренд стојат парите или некои интереси. Луѓето ги сакаат трендовите, но забораваат дека суштината е во умереноста, и дека е најдобро да се јаде храната од своето поднебје.
Кога станува збор за куркумата, којашто е на листата на петте препорачани продукти за идната година, таа веќе го доби епитетот на најздравиот на планетата. Омилениот азиски зачин со силна жолта боја поволно делува на функцијата и работата на мозокот и на срцето. Се одбива од истоименото коренесто растение од семејството на ѓумбирот и веќе неколку години наназад ги исполнува страниците на научните списанија. Полезна е и за дијабетичарите, а научно е докажано дека пигментот на куркумата, која и што ја дава карактеристична жолта боја, има поволно дејство врз инсулинската резистенција.
Во последните неколку години објавени се повеќе од 1.500 научни трудови кои куркумата, а Американската национална агенција за здравје спроведува четири клинички експерименти со состојка од ова растение којашто се гледа како терапија, дури и за Алцхајмеровата болест.
Трендовите во исхраната не доаѓаат спонтано, тие се наметнуваат, само е прашање дали пристигнуваат од кујнската индустрија или ги сервираат научниците на основа на своите истражувања. Маргаринот, така, беше популарен додека експертите не соопштија дека, сепак, е подобар путерот, а потоа и свинската маст. Поради тоа новите генерации потрошувачи, меѓу 20 и 37 години, сѐ помалку им веруваат на големите произведувачи на храна. Според едно од последните истражувања во САД, дури 42 отсто од оваа група потрошувачи не им веруваат на големите компании за производство на храна, а ист став имаат само 18 отсто од повозрасните потрошувачи кои израснале на ваквата исхрана.
Промените на навиките во исхраната буквално ја натераа прехранбената индустрија забрзано да го менува својот досегашен концепт на производство. Почетно, се бара драстично да се намали користењето на шеќерот, да има сѐ повеќе свежа отколку преработена храна, се ада да користат цело зрно од житарки и да понудат поразновидни сировини наместо пченката коајшто досега доминираше. Сето тоа оваа индустрија многу ја чини, а уште поголем проблем претставува неизвесноста колку ќе потрае тој тренд.
Прашање е дали зеленчукот во трендовите за следната деценија, на пример, ќе ги замени специјалитетите како што се плескавиците од вештачко место, којашто пред неколку години беше направена како проект кој ќе го спаси светот од глад. Бидејќи според агенцијата за храна на светската организација FAO, потрошувачката на месо во следните 40 години двојно ќе се зголеми, а тоа според претпоставките ќе влијае врз нееднаквата дистрибуција на храна и ќе го прави местото извонредно скап и луксузен прехранбен продукт. Можеби звучи неверојатно, но можеби тоа и ќе се случи, бидејќи првиот хамбургер од говедско е проценет на 250.000 евра, за само 140 грама место од епрувета.