Петти ден ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш!

-Пет дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата Тајни имоти на себе, и да ги аболицира 123 функционери од власта. Пет дена наместо постапки се измислуваат изговори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата Тајни имоти, како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу, признаа дека не поднеле анкетен лист.

Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите. Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот пд аферата Броило?

Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив.

Аферата Тајни имоти докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата, и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта, се вели во партиското соопштение.