![русија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/rusija.jpg?resize=541%2C320&ssl=1)
Петти ден по ред Русија достигнува црни рекордни бројки во однос на смртните случаи, откако во последните 24 часа се регистрирани нови 697 смртни случаи поврзани со заразата со ковид-19, пренесуваат британските медиуми.
Владината работна група за коронавирус пријави 24.439 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на јануари.
За вака драматичното зголемување на новозаразени и умрени лица од ковид-19 руските официјални лица ја посочуваат делта варијантата на вирусот, што за првпат беше регистриран во Индија.