Припадничка на хрватската војска смртно настрадала во понеделникот надвор од службата, што е формулација којашто министерството за одбрана го користи во случај на сомневање на самоубиство, а што е веќе петти случај за малку повеќе од еден месец, пренесуваат хрватските медиуми повикувајќи се на специјалното соопштение што по тој повод го изададе министерството.
Во денешниот трагичен случај во Вуковарско-сремската жупанија на самиот исток на земјата, станува збор за жена војник, а во тек е криминалистичка истрага, додека припадниците на полицијата, Воената полиција и надлежното Државно обвинитеслтво ги утврдуваат околностите за настанот.
По неколкуте смртни случаи во кус временски рок во хрватската војска, Министерството за одбрана на Хватска во петокот вечерта издаде посебно соопштение во кое истакнува дека во воените единици се распоредени воени психолози чијашто примарна задача е пружање психолошка поддршка на кои војниците моќе да им се јават во кое и да е време.
Се наведува и дека психолозите и надредените офицери се во секојдневна интеракција со припадниците на единиците. Притоа истакнуваа дека за прием во воената служба се спроведува психолошко тестирање на кандидатите, како и кај редовни лекарски прегледи на воените лица, со достапна психолошка помош, што е задолжително на секои три години
Се истакнува дека оваа 2021 година „сведоци сме на смртни случаи на припадниците на Вооружените сили кои се случиле неврзано со службата во војската, односно надвор од службата“.
„Од почетокот на пандемијата на болеста Covid-19 сведоци сме на времето коешто бара дополнителни наппори во зачувување на менталното здравје и прилагодување на новонастанатите околности. Припадниците на Вооружените сили се селектирана и обучена група за постапување и ефикасно дејствување во специфични околности, но ниту тие се имуни на несаканите последици со кои се соочуваат“, истакнува во соопштението хрватското министерство за одбрана.
Се додава дека воените психолози спроведуваат превентивни и активности за поддршка поради ублажување на таквите можни последици.
Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, нема отстапувања во хрватската војска во однос на севкупното население на Хрватска според бројот на самоубиствата во минатата 2020 година, кога се регистрирани во вкупната популација 566 самоубиства. Тоа е стапка од приближно 14 самоубиства на 100.000 жители, додека стапката на самоубиства во војската била 5,26 на 100.000 жители.