Петтина од украинските бегалци во Германија веќе се вработени

Секој петти бегалец од Украина во Германија веќе нашол вработување, објави во средата германскиот економски институт Ifo.

„Подготвеност на преземање на работното место меѓу Украинците е огромна. Само едно мало малцинство не е заинтересирано за вработување“, вели Татјана Панченко кој е научничка во германскиот институт Ifo.

Истражувањето спроведено меѓу украинските беглаци кои по почетокот на руската инвазија во Украина стасале во Германија истовремено покажало дека повеќе од половината од оние кои веќе нашле вработување, работат на работни места кои се под нивната квалификација.

За државјаните на Украина, според податоците на Германската индустриска и трговска комора (DIHK), при вработувањата не се на сила ограничувањата кои важат за другите странци кои не доаѓаат од некои од земјите од Европската унија. Нострификацијата на стручните дипломи, пак, е потребна само во здравствениот сектор.

Според истото истражување, две третини од Украинците имаат намера „најмалку две години“ да останат во Германија, додека една третина во секој случај има намера да се врати во татковината. За споредба, во последното претходно истражување од јуни повеќе од половината рекле дека имаат намера да се вратат дома.

Украинската влада поради големите оштетувања на инфраструктурата во земјата во руските воздушни напади на своите граѓани кои избегаа од војната во странство им препорача оваа зима да не се враќаат во земјата.

Од крајот на февруари и почетокот на војната во Германија засолниште побарале преки милион бегалци од Украина. За нив се олеснети прописите отколку за државјаните на други земји, што би требало на Украинците да им овозможи полесна и побрза интеграција во германското општество.

За споредба, кога станува збор за бегалците од Сирија кои во голем број од речиси милион кон крајот на 2015 и почетокот од 2016 година пристигнале во Германија, квотата на вработените досега изнесува 37 отсто.