Пијан патник нападнал возач на ЈСП, потоа добил ќотек

Во СВР Скопје вчера во 21.50 часот бил приведен М.С.(32) од Скопје, поради нарушување јавниот ред и мир. Имено. тој во алкохолизирана состојба кршел предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром. Потоа насилникот и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје.

По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.