Пијан возач кој возел во спротивна насока повеќе од 12 километри по автопатот во германската покраина Хесен, бил запрен од полицијата. Полицијата соопшти дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен е предизвикана од 52-годишниот маж кој погрешии и возел во спротивна насока.
Возачот бил запрен откако извозел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт.
За среќа, не била предизвикана сообраќајна незгода или друг инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил, бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв. Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка.