Американската рап ѕвезда Пи Диди уапсен е синоќа во спортскиот комплекс на познатиот универзитет во Лос Анџелес (UCLA), каде неговиот син тренира фудбал, бидејќи удрил едно лице со тег за вежбање, соопшти Универзитетот.
Во соопштението се додава дека лицето не се здобило со сериозни повреди и оти локалната полиција отворила истрага.
Пи Диди, чие право име е Шон Комбс, одведен е во притвор во Лос Анџелес.
Американските медиуми соопштуваат дека Пи Диди нападнал еден од тренерите во спортскиот центар.
Според „ТМЗ“ еден од тренерите викал на неговиот син Џастин, по што Комбс се соочил со него во неговата канцеларија, каде дошло до расправија и потоа до нападот со, како што се наведува во обвинението, смртоносно оружје.
Комбс (45) е еден од најпознатите американски хип хоп музичари, а познат е и по тоа што промовираше многу млади рап ѕвезди, како Мери Џеј Блајџ, Ашер и Лил`Ким.