Пицула: Проблемот со Законот за религија во Црна Гора треба да се реши со дијалог

Ситуацијата во врска со Законот за слобода на вероисповеста мора да се реши со договор, бидејќи секоја натамошна поларизација на општеството може само да им наштети на некои други процеси во земјата, изјави известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, хрватскиот европратеник Тонино Пицула.

Пицула во интервју за Радио Црна Гора вели дека во политиката дијалогот е основниот инструмент.

– Ми се чини, без да сакам детално да навлегувам во односите на црногорската сцена, дека овој закон е донесен во една поларизирана општествена и политичка атмосфера. Сега се поставува прашањето како да се овозможи дијалог за законот и негово спроведување, вели Пицула.

Тој додава дека може да побара поголема одговорност од сите инволвирани или заинтересирани за решавање на овој проблем, затоа што верува дека договорот нема алтернатива.

Според него, натамошната поларизација само може да наштети на некои други процеси во Црна Гора.

Зборувајќи за промена на методологијата за пристапување во Европската унија, Пицула вели дека Европската комисија ќе биде хибридна за новите правила.

– Тековната методологија сигурно ќе претрпи некои промени. Сигурно дека ќе биде вклучено нешто од предлозите на Макрон. До кој степен, се разбира, останува да се види. Наскоро ќе дознаеме, рече Пицула, додавајќи дека тој лично не сака да се чека мајскиот самит во Загреб, туку новиот методолошки пристап да се договори во март.