Петнаесетина минути по полноќ синоќа на Ургентното одделение во гостиварската болница бил донесен 15-годишен гостиварец, кој се затрул со поголема количина алкохол.
-Поради сериозно влошената здравствена состојба, укажана му е лекарска помош и неконтактибилен, малолетникот итно е пренесен на Клиниката за токсикологија во Скопје, информираат од СВР Тетово.
Оттаму додаваат дека се расветлуваат мотивите, околностите и се друго поврзано со труењето на малолетниот гостиварец.