Вербална расправија меѓу двајцата пробиштипјани заврши со секира и сериозни закани.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, по расправија меѓу 48-годишниот Ј.Е. и 52-годишниот А.Д., првиот со секира скршил стакло на влезната врата од станот на А.Д., по што почнал да му упатува сериозни закани.
Ј.Е. бил приведен во полициската станица во Пробиштип, каде што бил алкотестиран, по што било утврдено дека има 3,01 промили алкохол во крвта.
Полицијата против него ќе поднесе соодветна кривична пријава.