
Скопјанец во алкохолизирана состојба во неделата вечерта физички ги нападнал неговиот брат и снаа, а при обид на полицискиот службеник да интервенира го нападнал удирајќи го со глава во носот, информираат од полицијата.
Според полицијата 43-годишниот насилник идентификуван со иницијалите М.С. е лишен од слобода во полициска станица Гази Баба, а полицискиот службеник побарал лекарска помош во Ургентен центар Скопје.
Полициски службеник вчера околу 21,30 часот бил нападнат при интервенција за физички напад, кога споменатиот маж под силно дејство на алкохол се пресметувал со членовите на семејството. Против сторителот ќе биде поднесена пријава за напад на полициски службеник