
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, К.Ј.Г. била донесена синоќа во Ургентен центар Скопје со возило на Итна медицинска помош, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што била препратена на Клиниката за максилофасцијална хирургија.
Над неа било извршено алкотестирање, при што е утврдено дека има присуство на алкохол во крвта од 3,39 проценти. Од страна на екипа од СВР Скопје извршено е фотографирање на автобусот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.