Според извори од лидерската средба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил изолиран во своите барања за итни избори на крајот на јуни.
Како што брифира нашиот извор, соочен со пропаднатиот датум 14-ти јуни, Заев барал поддршка од албанските политички лидери за нов фиксен датум на 21-ви јуни. Откако Али Ахмети и Зијадин Села не сакале да дадат бланко поддршка на нивните партии ДУИ и Алијанса за Албанците за такво нешто поради непредвидливоста со епидемијата и самите предложиле датуми кон крајот на летото, Заев инсистирал барем преставниците на ДПА и Беса да се согласат.
Во неколку наврати Заев правел грешки околу тајминзите, а ги мешал месеците јуни и јули, што предизвикало чудење и потсмев. Кога другите лидери објаснувале за неодржливоста на иницијативата за итни избори во јуни, Зоран Заев со отсутен поглед и суфлирање неубедливо се обидувал да одговори.
Најинтересен момент од лидерската средба бил разговорот меѓу опозицискиот лидер Христијан Мицковски и Зоран Заев во врска со изјавата на советникот Фатмир Битиќи кој претходно на прес-конференција во Владата посочи дека дел од економските мерки како викенд без ДДВ па се применува кон крајот на август и почетокот на септември кога епидемијата нема да биде опасност по здравјето и живото на граѓаните. Заев тогаш се оградил од Битиќи и рекол дека тој не е партиски функционер, иако споменатиот е претседател на партиската комисија за финансии и советник во владата. Сите се чудела како СДСМ во рок од еден ден ги менува ставовите и не си веруваат едни на други.