![trka-nesreka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/trka-nesreka.jpg?resize=500%2C261&ssl=1)
Поршето кое било управувано од 17-годишниот Пике со голема брзина се превртело и тоа неколку пати.
По речиси десет секунди “летање”, моќниот автомобил се приземјил, а во истиот момент почнала и борбата за неговиот живот. Поршето почнало да гори, па редарите морале брзо да реагираат и да го извадат младиот возач.
Пике веднаш бил префрлен во болница, но за среќа нема тешки повреди. Тој на Инстаграм поставил фотографија на која се гледаат модринки по лицето, што секако е занемарливо ако се погледне видеото од несреќата.
Драмата на патеката во Бразил ја гледал и легендарниот Нелсон, кој не можел да го сокрие стравот по страотната несреќа.
Инаку, постариот син на Нелсон Пике, Нелсон Јуниор своевремено беше возач во Формула 1.