Македонската ракометна репрезентација замина за Атина каде утре со почеток во 18.00 часот ќе го одигра првиот бараж натпревар со Грција, за пласман на Светското првнство во Катар, наредната година.
Обрван на овој натпревар ќе има проблеми и на пикерската позивија, бидејќи само Ванчо Димовски е подготвен. Стојанче Стоилов нема одиграно меч по повредата против Хамбург во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Никола Маркоски се пожали на мала повреда.
Во последен момент од поширокиот список на селекторот Ивица Обрван , отпадна и Никола Стојчевски. Претходно за првиот натпревар Хрватот ги изостави Мартин Манасков, Мартин Велковски, Стефан Кимески и повредениот Наумче Мојсоски.