Познатиот српски спортски весник „Журнал” пред неколку часа ја пласираше информацијата дека легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Драган Стојковиќ – Пикси е во изгра за испразнетата селекторска фотеља.
Претседателот на Фудбалската федерација на Србија, Горан Милановиќ не сакаше да открие дали е точна оваа информација или има вистина во последната шпекулација дека поранешниот репрезентативец на Хрватска, Роберт Просинечки е во игра за селекторската функција.
„Несериозно е да лицитираме со кандидати, но не би премолчил дека Александар Станојевиќ беше прв фаворит за селекторската функција. ФФС смета дека новиот селектор треба да се бара од неговата генерација, но не ја исклучуваме и можноста во селекторското столче да седне и странски селектор”, изјави Милановиќ.