Пилешко во сос од портокал и колач од јаболка

ПИЛЕШКИ ГРАДИ ВО СОС ОД ПОРТОКАЛ

Состојки:

8 помали парчиња пилешки гради

150 мл сок од портокал

1 изрендана кора од портокал

1 портокал

1 лаж. сенф

20 гр. кафеав шеќер

40 гр путер

2 лаж. масло

2 лаж. густин

1 лаж. вегета

Подготовка:

Пилешките филети посипајте ги со вегета од двете страни и премaчакјте ги со сенф. Во поголема тавка загрејте го маслото и пола од путерот па лесно потпечете го пилешкото од едната и другата страна околу осум минути. После тоа пилешкото послужете го на топла чинија.

Во истата тавка ставете го преостанатиот путер, кората од портокал, сокот и шеќерот па мешајќи варете околу три до четири минути.

Додадете го густинот измешан со малку вода и на крајот ставете тенки кругови од портокалот. Накратко нека проврие и по потреба сосот разредете го со вода и дополнително посолете.

Пилешкото месо наредете го на загреана чинија, на секое од парчето ставете портокал исечкан на кругови и прелијте ги со врелиот сос. Како прилог можете да послужите варен ориз или зеленчук.

Внимавајте да не го препечете пилешкото за да не се пресуши.

kolac

КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА

Состојки за тесто

750 гр. брашно

250 гр. путер

200 гр. шеќер

16 гр. прашок за пециво

3 жолчки

150 гр. кисела павлака

Кора од лимон

1 лаж ванилин шеќер

Состојки за фил:

1,5 до 2 кг изренадани јаболка

200 гр. сечкани ореви

150 гр. суво грозје

2 лаж ванилин шеќер

2-3 лаж. гриз

100-150 гр шеќер (во зависност од блажината на јаболката)

Цимет по вкус

Подготовка:

Просеете ги брашното и пецивото. Додадете ги путерот и смесата измешајтеги рачно додека не добиете ситни трошки. Додадете жолчки, шеќер, ванила, кисела павлака, кора од лимон и замесете тесто. Поделете го тестото на половина и завиткајте го во проѕирна фолија, еден дел ставете го во фрижидер, а другиот во замрзнувач.

Јаболките исечкајте ги и изрендајте ги на крупно. Додадете ги сувото грозје, ситно исечканите ореви, ванилиниот шеќер, шеќерот по вкус и цимет.

Во огненоотпорен сад со големина 25см х 33 см или слична големина подмачакајте со путер.Садот посипете го со брашно , а потоа ставете го тестото и со рацете растегнете го.

Исцедете ја јаболката од вишок сок, наредете ја преку тестотот и посипете ја со гриз. Земете дел од тестотот од замрзнувач и изрендајте го преку јаболките или пак кинете мали парчиња и расфрлајте врз јаболката.

Испечете во претходно загреана рерна на 175 степени околу 40 минути или додека горното тесто балго не поцрвене. Кога ќе се олади исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав и послужете.