
Некои рецепти изгледаат многу потешко за приготвување отколку што навистина се. Нека биде ова ваш адут да ги истакниете вашите кулнираски афинитети и да се пофалите пред пријателите дека сте вистинки шеф. Интересна закуска која не само што ќе ја разубави вашата трпеза, туку и ќе ги воодушеви присутните.
- 400 гр пилешки гради (сварени и исечкани)
- 100 гр маслинки (без семки и сечкани)
- 100 гр кшкавал (рендан)
- неколку перца млад кромид (сечкан)
- 2 лажици павлак
- ½ сок од лимон
- 1-2 домти (ситно сечкани)
- ттиквичка (сечкана)
- сол, бибер, мајчина душица
- неколку готови тортиљи
Во поголем пластичен сад, вареното и исечканото пилешко помешајте го со исечканите маслинки, младиот кромид, доматите и тиквичката. Добро промешајте и зачинете.
Додадете 2 лажици павлака и сок од лимон повторно смесата промешајте ја.
Во меѓувреме, вклучете ја рерната на 220 степени а плехот за колачи премачкајте го путер.
Од готовите тортиљи со чаша и нож исечете крукчиња и со нив обложете го секој калап. (се добиваат корпички од тортиљи).
Секоја корпичка наполнете ја со претходно подготвената смеса, а одозгора ставете нарендан кашкавал.
Печете 15 до 20 минути се додека кората на тортиљата не стане крцкава