Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтанза“ повторно ќе штрајкуваат оваа недела, соопшти денеска Синдикатот на летачкиот персонал.
Најавата следува по минатонеделниот штрајк на пилотите што ја принуди „Луфтанза“ да откаже стотици летови.
Синдикатот на летачкиот персонал Вереинигунг Кокпит, што обединува над 5.000 пилоти, појасни дека пилотите на патничките линии ќе штрајкуваат во среда и четврток, а на товарните летови од утре до петок.
Се бара зголемување на платите од 5,5 отсто годинава и автоматско прилагодување на примањата на инфлацијата во наредниот период.
Според „Луфтанза“, исполнувањет на барањата на синдикатот би ги зголемило трошоците за 40 проценти или околу 900 милиони евра во наредните две години.
Авиокомпанијата понуди вкупно 900 евра зголемена основна плата месечно во две фази во период од 18 месеци. Тоа, како што се наведува, би резултирало со над 18 отсто поголема плата за почетни работни места и пет проценти повисока за повисоки позиции.
Барањата на синдикатот се совпаѓаат со растот на цените на енергентите и храната, доаѓаат во момент кога инфлацијата во Германија порасна на највисоко ниво во изминатите речиси 50 години.