Водечкиот германски синдикат на пилотите повика на нов штрајк на вработените во „Луфтханза“ по повод намалувањето на пензиските бенефиции, кој треба да почне денеска. Со штрајкот ќе бидат погодени летовите во домашниот авиосообраќај, почнувајќи од 11 часот денеска, па до утре пред полноќ, соопшти „Ферајнигунг кокпит синдикат“ (ВЦ).
Во соопштението на синдикатот се истакнува дека „Луфтханза“ одолжува и дека не го уважила компромисниот предлог на ВЦ, без разлика на седумте штрајкови на пилотскиот персонал, оддржани од април.
ВЦ изрази жалење за непријатностите што ќе ги имаат патниците поради штрајкот.
Пилотите, според важечките закони, можат од 56-тата година да заминат во предвремена платена пензија, а штрајкуваат поради планот на „Луфтханза“ да се зголеми наведената старосна граница за предвремена пензија и да ги вклучи и самите пилоти во финансирањето на своите пензии.
Минатата недела пилотите на авиопревозникот „Германвингс“, што е во состав на групацијата „Луфтханза“, оддржаа дванаестчасовен штрајк.