Пилотите на „Луфтханза“ продолжуваат со штрајкот до среда

пилотите

Како што е најавено, пилотите кои сообраќаат на кратки релации ќе штрајкуваат утре, а следниот ден незадоволството ќе го изразат пилотите кои летаат на долги дестинации.

Синдикатот ова го објави по неуспешните разговори со претставници на раководството на германската авиокомпанија.

Пилотите минатата недела штрајкуваа четири дена, барајќи зголемување на платите.

Синдикатот бара ретроактивно зголемување на платите од 3,66 отсто годишно и тоа пет години наназад, додека „Луфтханза“ понудила зголемување од 4,4 проценти до средината на 2018 година и еднократен паричен износ од 1,8 плати.

Ова е 14-ти протест на германските пилоти од почетокот на 2014 година.