Легендарниот напаѓач и поранешен репрезентативец на Италија, Филипо Пипо Инзаги од пред неколку минути и официјално е именуван за нов тренер на седумкратниот европски клупски шампион Милан.
Сопственикот на популарните “росонери”, Силвио Берлускони го исполни даденото ветување дека прво ќе ја прекине соработката со холандскиот стручњак, Кларенс Сидорф, а потоа жешкото столче ќе му даде на омилениот фудбалер, Филипо Пипо Инзаги кој веќе го потпиша понудениот договор кој ќе има важност до 30 јуни 2016 година.