Пирати од Нигерија нападнале швајцарски брод и киднапирале 12 членови од екипажот

Пирати од Нигерија нападнале швајцарски брод во сопственост на компанијата „Масоел шипинг“ и киднапирале 12 членови на екипажот.

Пиратите нападнале 45 наутички милји од островот Бони во Делта Нигер.

Масоел шипинг изјави дека ниту еден член на екипажот не бил од Швајцарија и дека пиратите „уништиле голем дел од комуникациската опрема на бродот”, пренесува Би-би-си њуз.

Во времето на нападот 19 членови од екипажот биле на бродот, националностите на членовите на екипажот остануваат непознати, но фирмата соопшти дека нивните семејства се информирани за ситуацијата.

Компанијата соработува со властите за да се обезбеди брзо и безбедно ослободување на оние кои се притворени, изјави портпаролот на компанијата.

Бродот пренесувал пченица и пловел помеѓу Лагос и нафтоводот Порт Харкурт.

Киднапирањето поради откуп е честа појава во Нигерија, таргњтирајки странски граѓани и Нигеријци со висок статус.