Танкер со нафта е запленет од страна на пирати во територијалните води на Малезија, јави ТАСС, повикувајќи се на изјави на претставници на малезиската Национална управа за поморство, објави МИА.
Според истите извори, танкерот со нафта бил нападнат од пиратите во близина на брегот на западната малезиска сојузна држава Селангор.
Танкерот со нафта, кој се движел кон малезиското пристаниште Куaнтан, превезувал околу 6.000 тони нафта.