Пировска: Заев ги изневерува граѓаните, Спасовски да си поднесе оставка

Извршната директорка на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, во интервју за порталот BalkanInsight. го критикува премиерот Зоран Заев за „изневерените очекувања на народот“, со акцент на случајот со пораншениот премиерот Никола Груевски, за кој смета дека не избегал, туку е пуштен да замине во Унгарија.

„На граѓаните им е преку глава да слушаат дека премиерот ги разбирал. Тие очекуваат премиерот да ја води Владата одговорно и да бара отчетност, транспарентност и одговорност од сопствените министри. Во случај како овој (со бегството на Груевски), кој е скандалозен и срамен, требаше да има оставки, прво од министерот за внатрешни работи. Со овој случај Владата ја загуби својата последна шанса да им покаже на граѓаните дека таа вистински сака да направи промени во Македонија во однос на неказнивоста“, вели меѓу другот во интервјуто Пировска.

Додава дека во овој случај Владата „ја загуби шансата да им покаже на граѓаните дека навистина сака да направи промени во Македонија кога станува збор за неказиновоста“.

Поровска, исто така, се сомнева дека обидувајќи се да го преначи вниманието на јавноста од прашањето за бегството на Груевски, власта само се заплеткала уште повеќе. Според неа, не случјани се и апсењата на бизнисменот Орце Камчев и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

„Овие апсења бе со цел да се дефокусира јавноста и да предизвика чувство на задоволство кај грашаните. Но, не успеаја да ја постигнат својата цел“, вели Пировска.