Писателката Исидора Бјелица се бори со тешка болест

Српската писателка Исадора Бјелица се бори со нова битка во животот, покрај тоа што ги извади јајниците, матката, пред месец дена повторно и се врати ракот. Исадора моментално се наоѓа во болница,  каде е на терапија, писателката сепак решила да не се предава и на секој можен начин се обидува да ја излечи тешката болест.

– Моментално сум на терапија и не ми е до зборување. Тој ужас го победив два пати, ќе го победам и овој трет пат. Ако треба ќе го победувам дури и до 50. пати. Нема тој ужас да ме одвои од моите деца. Ви благодарам на сите за поддршката бидејќи многу ми значи, рекла Исадора за српски „Ало“.