Го прашувам пратеникот Панче Орцев дали фирмата „Бекатон – Хит“ е ваша семејна фирма? И за овие години од кога е градоначалник Зоран Заев колку тендери има земено вашата семејна фирма од Општина Струмица и која е вкупната вредност на овие тендери во евра или денари?
Ова е едно од прашањата што на денешната 67-ма Седница на Собранието на Република Македонија на расправата за Предлогот на законот за изменување и дополнување на законот за јавните набавки, пратеникот Васил Пишев ги постави до пратеникот Панче Орцев кој е поранешен директор на ЈК Комуналец од Струмица.
Во контекст на постојаните критики на опозицијата кон новото законско решение Пишев на Орцев му постави 3 прашања.
Суштината на мојата реплика лежи во дилемата дали сте и колку сте релевантни и легитимни да коментирате се најлошо за новите предлог измени на законот за јавните набавки, имено, пратеникот Панче Орцев е најдобар личен пример ако сакаме да коментираме за јавна набавка и кога таа се менаџира од СДСМ, рече Пишев и додаде:
Го прашувам пратеникот Панче Орцев дали фирмата „Бекатон – Хит“ е ваша семејна фирма? И за овие години од кога е градоначалник Зоран Заев колку тендери има земено вашата семејна фирма од Општина Струмица и која е вкупната вредност на овие тендери во евра или денари?
Кога бевте директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица, колку тендери имате вие лично дадено на фамилијата Заеви и колкава е вкупната вредност на овие тендери во денари или евра?!
И дали и вие дадовте по едно евро на брат му на Зоран Заев, Вице Заев и по едно евро на црквата?!