Музафер Каришиќ, помошник началник во СВР Скопје за криминалистички работи, сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања и на Панче. Тој објасни како е најдено телото на Вања, од каде се снимките, но потенцираше и дека оружјето со кој е извршено убиството на Вања не е пронајдено.
На прес-конференцијата која беше одржана по пронаоѓањето на телото на Вања, тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека се пронајдени два пиштоли, но мора да се вештачат за да се утврди дали со некое од тие оружја е извршено убиството.
На рочиштето за убиството на Вања и Панче, во септември годинава, односно осум месеци од изјавата на Спасовски, од обвинението беше откриено дека сè уште не е пронајдено оружјето со кое е стрелано во главата на жртвите. Денеска Каришиќ потврди дека пиштолот сѐ уште не е најден.