1.8 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

Писмен демант на МА Гаминг ДООЕЛ Скопје за текстот со наслов “Коцевски: Во Велес има проституција на јавни простори”

Згрозени сме од леснотијата со која градоначалникот изнесува обвинувања за наводна проституција која според неговите тврдења се организирала во нашите објекти. Ние сме претставници на инвеститори од земји членки на ЕУ, каде работат и сопруги и мајки, и ширењето на вакви лаги може да предизвикаат семејни неприлики за нашите вработени, кои очигледно се цел на приземна негативна кампања која нема никаква врска со реалноста. Истовремено, ова претставува сериозен напад и кон угледот на нашата компанија, бидејќи неосновано сме обвинети за незаконски дејствија. Затоа, ги повикуваме надлежните институции веднаш да ги преземат сите неопходни дејствија со кои во најкус можен рок ќе ги расчистат овие дрски обвинувања и јавно ќе ги објават резултатите од извршената контрола.

Групацијата Новоматик Македонија ќе ги информира меѓународните претставници во земјата за начинот на кој се третираат странски инвестиции. Бараме од г-динот Коцевски друг пат пред да изнесува разговори со станари со вакви сериозни обвинувања, добро да размисли за последиците врз човечките судбини, кои може да ги предизвикаат ваквите напади врз нечија чест и углед. Тој не е од вчера во политиката за да не може да ја измери тежината на јавно искажаната клевета од градоначалник избран на непосредни избори. Еве, ја користиме приликата да го поканиме да биде наш посетител и лично да се увери дека игрите на среќа се спроведуваат по сите највисоки светски стандарди и се е 100% законски!

Очекуваме овој демант да биде објавен веднаш, во спротивно го задржуваме правото да ги преземеме сите неопходни правни дејствија за да ги заштитиме правата на нашите вработени и компанијата.

Интегрален текст од демантот на МА Гаминг ДООЕЛ Скопје за текстот со наслов “Коцевски: Во Велес има проституција на јавни простори”