Племенски беше начинот на којшто беше реализирано предизборието на последните двојни избори, што придонесе за нефер и недемократски избори.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се вознемирени бидејки најдиректно, не СДСМ, туку ОБСЕ/ОДИХР и Европската Комисија им соопшија на граѓаните на Република Македонија што се случува. Дека во земјава институциите се политизирани, дека “владеачките партии ги слепија државата и партиите“ , дека постои контрола на власта врз медиумите, постои селективна правда. Брисел побара од власта да овозможи опозицијата да функционира согласно нејзината улога.
Тоа би значело функционална демократија и поради тоа СДСМ ги бара 5 теми за разговор, како и техничка влада како единствен гарант за волјата на граѓаните.
Текстовите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во Нетпрес и другите медиуми под нивна контрола, со надежи за тонење на опозицијата, нема да ја спасат власта од одговорноста дека тие ја тонат државата.