Писмо-бомба минатата седмица било упатено до шпанскиот премиер Санчез

Pedro Sanchez (Photo by OSCAR DEL POZO / AFP)

Шпанските власти објавија во четвртокот дека писмо-бомба со „слични“ обележја како вчерашното кое експлодирало во украинската амбасада во Мадрид, минатата седмица била адресирано до премиерот Педро Санчез.

Министерството за внатрешни работи во соопштението наведува дека „пратката со пиротехнички материјал“, адресирана до „претседателот на владата Педро Санчез“ беше „детектирана и неутрализирана на 24-ти ноември“, како и дека за тоа се погрижиле обезбедувањето на премиерот.

Во средата еден вработен во украинската амбасада во Мадрид е повреден во експлозија која се случила додека држел писмо. Членот на персоналот претрпел само лесни повреди и самиот отишол во болница.

Писмо-бомба во средата вечерта било испратени и во Сарагоса до шпанската компанија за производство на оружје, меѓу другото и лансирни ракетни фрлачи кои ѝ ги донира на Украина.

Шпанските безбедносни служби во четвртокот утрото ја откриле и третата експлозивна направа во поштата во воздухопловната база во Торехон де Ардоза крај Мадрид, а тиражниот дневен весник El Mundo, пишува и за четврта пратка која била упатена до шпанското министерство за одбрана.

Шпански висок суд отвори истрага за нападот во украинската амбасада, како можен случај на тероризам, соопштија правосудни извори за весникот.

По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нареди во сите украински амбасади во странство „итно“ да се зајакне безбедност и ја повика Шпанија да поведе истрага за нападот.