Писмо со непозната супстанца испратено во француската амбасада во Москва

Писмо со непозната супстанца било испратено до француската амбасада во Москва, јавија руски медиуми повикувајќи се на локалната полиција.
– Вработените во француската амбасада во понеделникот вечерта добија писмо со непозната супстанца. Полицијата работи на местото на настанот, рекол извор, пренесува ДПА.
Француското Министерство не го коментираше извештајот.
Претходно во април руските медиуми јавија дека амбасадата на Финска во Москва добила три сомнителни писма, од кои едното содржело непознат прав.