Писмото кое таткото монструм го објави на социјалните мрежи пред да ги убие децата

Коптиз, Австриец од Виена кој живеел во Загреб е убиецот на своите три деца, близналиња на седумгодипна возраст и момче на четиригодипна возраст. Во загреб имал фирма, а во текот на неговата кариера работел во повеќе големи компании како консултант и преговарач. 13 години работел како член на Управен одбор, 5 години работел меѓународен маркетинг и развој… работел на високи позиции. Бил искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.

Во своето проштално писмо објавено на фејсбук посочува дека последните година ипол ништо не му одело како што трба на работа, ништо не му успеало и останал без пари. Од пораката може да се види дека е разведен и има девојка , а на едно место во неговите статуси се спомнува и вереница.

Децата се од неговиот првата сопруга, а постојано на социјалните мрежи објавувал фотографии со нив. Оваа пролет напишал дека слави втор роденден, една година откако успеал да се избори за живот по пет недели поминати во болница.