Актерите Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само неко иод славните личности кои годинава ќе учествуваат како водители на 93-та свеченоста на доделувањето на престижните награди Оскар, која ќе биде емитувана во неделата 25-ти април, објави американската Академија за филмски уметности и науки, пренесе магазинот People.
Покрај нив, на списокот презентери се и уште некои прославени имиња од актерската и модната сцена, како Анела Басет, Бонг Џун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја или Мари Штермер Коулман.
На Бред Пит, минатогодишен добитник на Оскар за најдобар актер во споредна улога, ќе му се придружат и други добитници на признанието од 2020 годона, како Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.
Организаторите на свеченоста претходно истакнаа дека сакаат годинешното доделување на наградите да наликува повеќе на филм, а помалку на телевизиска емисија.
Продуцентите на номинираните оваа година им испратија писма во коишто од нив бараат физички да присуствуваат на церемонијата на доделувањето на наградите.
Со тоа, за разлика од другите свеченсота на доделувањето признанија во светот на филмската уметност, како британската BAFTA и Златните глобуси, на 25-ти април, нама да се следи комуникација меѓу актерите и водителите преку платформата Zoom,.
За оние коишто поради некоја причина нема да можат лично да присуствиваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.