Пит бул искаса девојка

Скопјанка била искасана од расно куче пит бул, вчера во Скопје.
Според полицијата, случајот околу 22.40 часот го пријавила М.П.(22). Таа се шетала на улицата Струмичка кога била касната од пит булот за десната нога.

Ова е втор случај за помалку од еден месец во Скопје пит бул да искаса луѓе.

Претходно во Карпош пит бул нападнало и усмртило помало куче, домашно милениче. Сопственичката на куенцето се обидело да го спаси миленичето, но пит булот и неа ја искасал на двете раце.