„Фестивалот на Пивото – Прилеп 2014 после четиридневната програма може да се прогласи за најуспешно издание во овие дванаесет години оправдувајки го епитетот најдобра балканска манифестација од ваков тип,“ изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Сите четири вечери беа максимално исполнети со одлични забавувачи кои освен своајта популарност понудија и квалитетна програма за различни старосни генерации, па така подеднакво во забавата уживаа и најмладите и повозрасните и фолекрите и рокерите.
„Со пиво-фестот Прилеп успеа да се етаблира на мапата на атрактивни туристички места за посета во летните месеци предизвикувајќи внимание како од домашни така и од странски посетители. За бесплатниот кампинг простор годинава имаше најголема заинтересираност па така имаше гости од Либан, Германија Холандија и други кареви на светот, а многуте странски посетители својот одмор го планираат токму според пивскиот фестивал,“ додаде Ристески.
Водителот Џамбазов на завршната прес конференција им откри на медиумите дека најоргинално селфи имаа младенците кои вчера го кажале судбоносното да но поради свадбената церемонија и неможноста да присуствуваат позади сцената наградата им следува идната година која ќе ја одбележуваат годишнината од брачниот живот.
После убавото празнување градот под Марковите кули го очекува чистење и средување како би бил подготвен за идните настани кои наскоро треба да се одржат.