Босанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Миралем Пјаниќ откри дека сите опции се во игра, дури и таа да си замине од “Олимпико” за време на елтниот преоден рок.
“Веќе се навикнав на сите новинарски шпекулации. Има и точни и неточни информации. Точно е дека сум задоволен од престојот во редовите на Рома. Имам договор до крајот на следната сезона и се може да се случи во следните 365 дена. Ќе дојде и тој ден кога ќе мислам на мојот нов договор или пак ќе посакам промена на клупската средина. Сепак, прво да заврши престојниот Мундијал во Бразил, да одиграм како што треба, па потоа ќе мислам на мојата иднина. Сите опции се во игра и таа за нов договор и таа за промена на клупската средина”, изјави 24-годишниот играч.
До сега, најголем интерес за стандардниот првотимец во дресот на Рома покажаа раководните лица на Манчестер Јунајтед, Арсенал и ПСЖ.