Пјонгјанг објави видео со организаторот на атентатот на Ким (ВИДЕО)

Севернокорејскиот пропагандистички портал Uriminzokkiri објави видео со државјанин на Северна Кореја, кој наводно под влијание на американските и јужнокорејските тајни служби учествувал во подготовката за атентат на младиот комунистички челник Ким Џонг-ун

Во почетокот на мај министерството за национална безбедност на Северна Кореја објави дека американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и разузнавачката служба на Јужна Кореја планирале атентат врз Ким Џонг-ун во кој требало да бидат употребени биохемиски супстанции. Како главени осомничени беа посочени шефот на Националната разузнавачка агенција (NIA) на Јужна Кореја, Кин Бен-хо, шефот на оддел на оваа агенција Хан Ган0ом, агент на јужнокорејското разузнавање Чо Ги Чол, како и директорот на компанијата „Qingdao Nazca“.

Во видеото објавено во саботата на севернокорејскиот сајт, во траење од околу 23 и пол минути, прикажан е мажа кој е идентификуван како Ким Сон-ил. Според неговиот исказ „тој бил измамен од непријателската пропаганда против републиката и вовлечен во ужасно злосторство“.

Во кадрите е прикажан пометен телефон и таблет на јужнокорејскиот производител „Samsung“, кои наводно му биле дадени од тајните служби на Сеул и „биле користени за идеолошка обработка“ на Ким Сон-ил. Во видеото се истакнува дека во телефонот била најдена преписка меѓу севернокореецот и припадници на јужнокорејското разузнавање.

Министерството за национална безбедност на Северна Кореја го квалификувало подготвувањето на атентатот како случај на организиран криминал поврзан со тероризмот, државен преврат, предавство и организирање бунт. Пјонгјанг бара од земјите каде што се наводно вклучените во ова криминално дело, да ги уапсат осомничените и да ги предадат на Северна Кореја. Како што истакнува министерството, осомничените се „предмет на кривично гонење во согласност со законите на Северна Кореја, без оглед на националноста“.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=ErA5Ny2z3E4