Плачеле и кукале дека им го украле бебето, тие го заборавиле во багажник

Млади родителите од Лесковец направиле вистинска драма во градот вчера кога се посомневале дека некој им го украл бебе кое само што го зеле од родилиштето.

Родителите Д.С. (24) и Ж.С. (20) откако го зеле новороденчето од болница застанале да пазарат во една продавници кога излегле забележале дека на задното седиште од автомобилот, каде тие велеле дека го оставиле,  го нема нивниот штотуку роден син, објавува српски „Курир“.

„Кој го украде Синиша, да цркне да даде Бог. Рацете да му се исуат, да полуди и побудали до крајот на животот“, викале на цел глас родителите.

Голем број граѓани се собрале околу автомобилот и се обиделе да помогнат да се пронајде дететот. Но, додека таткото ја отворал вратата од автомобилот се слушнал плач, четири годишната ќерка на брачната двојка момент подоцна рекла дека бебето е во багажникот. Кога го отворила го пронашле бебето кое до тој момент мирно спиеле.

Таткотo подоцна раскажал дека од возбуда поради раѓањето на синот се збунил па носилката заедно со бебето наместо на задното седиште го ставил во багажникот и се до излегувањето од продавницата не забележале дека бебето го нема.