Иако со новиот Закон за трговија на зелени пазари, паразџиите ќе го остварат правото на пензија, плаќањето лиценци за тезгите од 60, односно 40 евра на годишно ниво, е неприфатливо за нив, пренесува Телма.
Велат дека Законот е правен во канцеларија, без чувство за една од најранливите категории граѓани, дека ќе ги остави без профит кој и онака тешко го остваруваат во зимските месеци и дека тоа е насока за затворање на пазарите.
Пазарџиите кои продаваат облека и обувки, што е забрането со Законот, исто така коментираат дека ќе останат без единствениот извор за егзистенција.