Центарот за управување со кризи попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија и се здобил со тешки повреди на главата, тимот „тигри“ го извлекле од местото на несреќата и со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември”. Докторите констатирале смрт.
Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри. При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба.
Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.
Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нив дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.
Повреденото лице кое не давало знаци на живот. Тоа во многу тешки услови за летање на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата и со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде докторите констатирале смрт.