Планинарска тура по повод Илинден

Планинарска тура по повод Илинден
Планинарска тура по повод Илинден

Во организација на Агенцијата за млади и спорт и планинарската федерација од денеска до трети август ќе се одржи планинарска тура по повод празникот Илинден, на која ќе учествуваат повеќе планинарски друштва од Македонија и странство.

Пешачење од 10 до 12 часа дневно

Маршутата поминува по трагите на Илинденците низ централна Македонија и е долга околу 200 километри. Учесниците дневно ќе пешачат околу 10 до 12 часа. Право на учество имаат искусни планинари, здрави и кондициски подготвени, со задолжителни лекарски преглед.

Организаторите соопштија дека сите учесници кои денеска ќе стигнат на означеното собирно место ќе бидат превезени со автобус до местото Преслап (1000 метри надморска височина). Треба да имаат опрема за планинарење и да си обезбедат храна, пренесува МИА.

Македонски планинари за Илинден го искачија Мон Блан

planinaМинатата година планинарите Петар Герасимов, Зоран Успрцов, Зоран Џидров, Александар Србиновски и Јован Мирчески беа дел од Mеѓународната планинарска експедиција која учествуваше во акцијата освојување на покривот на Европа врвот Мон Блан кој е на височина од 4810 метри.

Македонскиот дел од експедицијата, планинарскиот поход го започна 26 јули од Белград, каде што им се придружија и планинарите од ПСД Балкан од Република Србија.

Јован, Петар, Александар и двајцата Зорановци од Штип на врвот на Европа се искачија на ден пред најголемиот македонски празник Илинден, поточно во петок на први август во раните утрински часови.

Коњаниците на пат кон Крушево

ilinden„Илинденскииот марш“ традиционално и оваа година во понеделникот попладне тргна за Крушево.

Коњаниците од Горно Лисиче во понеделникот попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, го започнаа маршот кој ќе заврши на 2-ри август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Илинден неработен за сите граѓани

По повод празникот Илинден, 2.август, Денот на Републиката, односно 3 август, понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика истовремено на сите граѓани на Република Македонија им беше честитан празникот.

 

 

Празникот Илинден, односно Денот на Републиката, традиционално секоја година се празнува, а главната манифестација е во Крушево.