Новинарката Ката Јанесков, ги открила плановите на Унгарската влада да создаде херметички затворен систем кој би ги спречил бегалците да влегуваат во таа земја.
Според текстот објавен на угарскиот портал „Index.hu”, Виктор Орбан планра оваа недела на дело да спроведе две работи.
Првата е прогласување на вонредна состојба во земјата, без оглед дали тоа дополнително ќе ја зголеми критиката кон Унгарија, за нејзиниот однос кон бегалците.
Вториот дел од планот , кој според новинарката треба да се исполни на 15 септември е модификација на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, според кој унгарската полиција би добила право да:
-Депортира секого кој нема шенгенска виза на граница и да го врати назад во земјата од која се обидел да влезе во Унгарија.
-Доколку бегалците на граница побараат азил, повтроно ќе бидат дпортирани , под изговор дека азил требало да побараат во земјата од која се обидуват да дојдат во Унгарија.
-Доколку мигрантите успеат илегално да ја преминат границата и да влезат во Унгарја, според Законот, тие автоматски прават кривично дело. Иста одговорност ќе сносат и доколку се качуваат по пограничната ограда, ја кинат, сечат или на некој начин ја оштетуваат . Според новиот Закон, казна за тоа е „домашен притвор“. Но, со оглед на тоа дека станува збор за бегалци кои немат адреса во Унгарија, автоматски се праќаат во некој камп, каде што во рок од осум дена ќе добијат судење.
-Според новиот унгарски Закон, кој во основа се коси со Законите во ЕУ, бегалците кои ќе бидат третирани како обвинети, на судење ќе одат без преведувач. Нивната документација нема да се преведува, нема да добијат преведена копија од обвинението за кое се товарат, но и од пресудата која ќе им ја одреди судот.
-Малолетните бегалци нема да имаат посебен третман, туку ќе им се суди како на возрасни. Жалбите ќе се одбиваат во рок од неколку часа, тврди новинарката.
Унгарската полиција веќе почнала да носи контејнери на границата со Србија, кои ќе служат како: „Привремени судници за мигрантите“, пренесува „Index.hu”.
Новиот унгарски Закон ќе направи секој бегалец да добие кривично досие, па според тоа и да бидат депортирани од Унгарија со ознака во Шенгенскиот информативен систем (СИС) како лица кои сториле кривично дело, што автоматски им забранува 10 години влез во која било држава во шенгенскиот систем.