Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана (ГУР) соопшти дека платеници од повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, служат во таканаречената Mеѓународна легија – воена единица на странски доброволци, што Украина ја формираше по почетокот на воениот конфликт со Русија.
„Во Легијата има доброволци од повеќе од 50 земји. Во редовите на единицата има искусни борци, ветерани на силите за специјални операции и други воени единици од САД, Велика Британија, Австралија, Данска, други земји во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка“, се вели во објавата на ГУР на Телеграм каналот.
Во четвртокот, прес-службата на рускиот Истражен комитет соопшти дека ставила на списокот на барани повеќе од 700 странци кои се борат во Украина, меѓу кои и државјани на Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска и Романија.
Во јули 2023 година, руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно 11.675 платеници од 84 земји официјално пристигнале во Украина од 24 февруари 2022 година за да учествуваат во непријателствата на страната на Киев. Најголемите групи се од Полска (над 2.600), САД и Канада (900 или повеќе) и Грузија (над 800).