Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси. Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент, вели Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.
-Не смееме да дозволиме и натаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење. И токму поради тоа, народот треба да стави крај на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја. Денес сум во Македонски Брод, кој што можам да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени, рече таа.
Димитриеска Кочоска имаше средби со граѓани и средби со стопанственици.
-Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средни бизниси, повисоки пензии. Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, истакна таа.