Платформата од Тирана ќе се реализира во фази- Османи потврди дека со Заев се усогласени и останатите точки

Воведувањето двојазичност на целата територија на Македонија е прва работа која е договорена да се реализира, а понатаму ќе следи и промена на државните симболи, химната и знамето.

За тие точки се дискутирало и се усогласени, рече Османи, а одговарајќи на прашањето дали тоа значи сите до една, Османи додаде:

Освен темите кои се однесуваат на промена на Уставот. Тие теми бараат македонско-албански дијалог за да се овозможи инклузивен процес…

Ова значи дека Заев прифатил се’ за кое што нема потреба од менување на Устав.

Во првата фаза, според најавата на Османи ќе се реализира и ослободување на осомничените за Диво Насеље, „Монструм“ и останатите случаи за кои албанските партии тврдат дека станувало збор за политички прогон, бидејќи за ваков чекор не е неопходна измена на Уставот.

– Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган, се бара во точката 3 од албанската платформа.

Во првата фаза веројатно би се одело и со донесување на резолуцијата за гоноцид. Во првата точка од т.н албанска палтформа донесена во Тирана, стои дека треба да се усвои Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година.

Меѓу другото, во платформата се бара и остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата, како и остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

Во петата точка од платформата, се бара и “Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, се вели во палтформата прифатена од Заев.

Во последната, седма точка од платформата насловена „Брза интеграција во НАТО и во Европската унија“, стои дека исполнувањето на горенаведените точки (што значи и решавање на името, односно негова промена) ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.