Платил бензин со фалсификувана банкнота од 500 евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.Р.(32) од кичевското село Чегране.

Тој на 23.01.2022, на бензинска станица во Кичево, пуштил во оптек банкнота од 500 евра, за која подоцна било утврдено дека е фалсификат.