Некои мажи се скржави, некои џентлмени, а некои се галантни мажи во обид. Еби, студентка од Лондон, налетала на овој последниот тип.
Еби една вечер излегла со своето друштво во град, се запознала со маж кој ѝ пришол, ѝ побарал број од телефонот и ја почестил пијалок.
Засега добро звучи, нели? Но, неколку дена подоцна од него ѝ пристигнала следната порака:
So this jus happened pic.twitter.com/rm4weoTXUQ
— Abby (@abbyfent17) September 8, 2016
„Се надевам дека не ти пречам душо, но дали би можела да ми ги вратиш тие 6.50 фунти?“
Еби најпрво го прашала кој е и потоа во шок го прочитала крајот на неговото барање, а потоа му одговорила дека ќе му ги испрати парите на неговата банкарска сметка. Каков „џентлменски“ потег, нели?
Еби набрзо на Твитер ја објавила пораката која е жив срам. Потоа следувала лавина од коментари од корисниците на социјалните мрежи, а пораката од скржавиот маж стана хит на интернет.